Не може више со тој наратив да спасиме една институција, кога сите институции се пепел и владее општа корупција и партизација, пишува во статус на Фејсбук политичкиот аналитичар Ивор Мицковски.

Па ќе се уклучуваат луѓе ко на копче, одеднаш повторно ангажирани и активни.
Се заќутеа сите во овие години, сите дигнавме раце, се продолжи со праксите од режимот и сега очекуваме поинакви резултати.
Се гушкаше и се спасуваше ГТЦ па тие што беа најгласни во спасувањето го направија криминално дувло за едно семејство и за крадење струја.
Ќе се спасуваа парковите во Центар, па тие што беа Паркобрани, ги досекоа и дозацементираа парковите.
Ќе се спасуваше и државава од неправда, нееднаквост и злоупотреби, па тие што највеќе требаше нешто да направат се посраа, како и оние што требаше да им бдејат над глава.
Така да, заебете веќе поедини оази за спасување, кога околу нас владее песочна бура и веќе не можеме едни со други да се видиме или препознаеме.
Јебеш таа прича за мали победи, кога живееме еден огромен граѓански пораз, пишува Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.