Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски. Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст.
П.С. Јас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика… – реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ваквата реакција доаѓа откако денеска претседателот на ДУИ, Али Ахмети посочи дека Мицкоски гледал војна само на телевизија.

Мицкоски истакна дека како доброволец во 2001 година го немал тоа чувство дека Али Ахмети е победник во таа војна, на што Ахмети возврати дека Мицкоски воопшто не бил во војна.

Јас не се занимавам со Христијан Мицкоски кој ми зборува за војна, тој не бил во војна, тоа го гледал само на телевизија, па јас сум молчел затоа што тишината е лек. 20 години градевме стратегии за да работиме и да ги реализираме нашите цели и сме ценети од нашите гласачи. Само со повеќе работа можеме да бидеме силни не само 20 години туку и повеќе. Поминаа 20 години, затоа што ги планиравме работите во секоја фаза, како ќе одат. Постапувавме во тешки времиња, во многу деликатни околности, иако на доброто му нема крај, има уште многу работа, рече Ахмети.

Претходно првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ од него побара да каже колку стотици милиони евра добила неговата фамилија на сметка на жртвите од војната во 2001.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.