Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски, денеска на прес-конфернција истакна дека тој и неговата партија бараат одговори од претседателот Талат Џафери, зошто ја прекинал вчерашната седница за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски.

Пратениците беа подготвени правдата за настаните од 27 април да се тера до крај, но Џафери не дозволи да има гласање. Претседателот должи одговор на јавноста и на граѓаните, зошто ја прекина седницата за одземање на имунитетот на Вељаноски. Кворум постоеше, мнозиснството беше во Собранието, но седницата беше прекината. Поради ова денеска во Собранието нема услови да продолжат активностите. СДСМ е одговорна партија и интересот на јавноста е на првото место. Затоа ние и јавноста бараме одговори од претседателот Џафери – истакна Митревски кој додаде дека СДСМ не учествувала на денешната координација со собранискиот спикер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.