Новинарот Александар Митовски, кој на порталот „Инфомакс“ го објави документот од распитот на Камчев и веднаш доби закани од речиси половина Влада, тврди дека има докази за она што го напишал, вклучително и можната вмешаност на политичари во случајот „Рекет“.

Митовски исто така упатува и на веројатноста дека Заев ги предупредил „рекетарите“ дека се пријавени. Тој пред камерата на Алфа вели дека исказот со кој Камчев го пријавил случајот, но и дополнителните изјави, му биле доставени на домашна адреса.

Првата страница беше објавена само како илустрација дека тоа што е напишано во текстот е релевантно, и јасно се гледа дека при кривичната пријава, во контакт со Боки 13 биле и други политичари. Ова е делот во дополнителниот исказ, каде што се вели ова, според изјавата на Камчев. Потпишани се тој, обвинителската Рускоска и записничарот, вели Александар Митовски.

Откако Митовски објави една страна од исказот, чија автентичност ја потврдија и од Основното јавно обвинителство, првата закана за тужба пристигна дирекно од Заев, по кого следуваа Шекеринска, Димитров, Ременска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.