Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека ако не одговараш барем нема да те зборат?

Вчера, избега од прашањево, ама сега што праиме? Излезе точна мојата теза.

Не само што цело Скопје, Тетово, Куманово, Штип итн. отидоа на продолжени викенди, туку и оние на кои оваа одлука им дојде апансас денес се гужваа по пазари и маркети мултиплицирајќи ја можноста од зараза.

Ќе си одговараш, и тоа по неколку основи од кои една е криминалната набавка на респиратори, а другата е намерно ширење на зараза и неодговорно работење.

А, кај и да е, ќе ја запознаам и Македонската јавност со заврзламите што си ги правел во Куманово, притоа уништувајќи цело семејство. Таму, има елементи и за убиство од немарност.

Лудаци, пишува на Фејсбук уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.