ВМРО-ДПМНЕ не прифати да стои на прес-конференцијата за две години од градоначалничкиот и советнички мандат, заедно со советниците од СДСМ, рече на денешната седница на Советот на општина Кавадарци градоначалникот Митко Јанчев, кој поради ова упати јавна критика до советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ немаа никаква забелешка да стојат на пресот, благодарност до вас. Негативна критика до мојата партија, недозволиво е тоа да оди на лична база и на суета. Не напаѓам никого, сакам нивната свест да се дигне на повисоко ниво. Јас сакам да повикам, секој граѓанин будно да ги следи однесувањата на сите политички фунцкионери и да пази за кого ќе гласа. Јас се надевам ќе имаат можност да се искорегираат, и ако ништо друго, мојата партија ВМРО-ДПМНЕ да стане партија за народот, а не партија водена од лични интереси. Како градоначлник не се оградувам од ВМРО-ДПМНЕ, но нема да дозволам затоа што сум од ВМРО-ДПМНЕ, да има штети на било која населба, рече Јанчев.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ, според Јанчев, предвреме ја напуштиле седницата на Советот за да не гласаат за одредени точки на дневниот ред, кои се во интерес на граѓаните, бидејќи имале несогласувања во сопствената коалиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.