Невладината „Еко аларм“ од Кавадарци со соопштение го разобличи градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за методот за аеросолизација со кој го чистеше воздухот во градот. Имено, Јанчев им наредил на вработените во  општината со возило да вртат кругови околу кружниот тек каде што се наоѓа мерната станица и да ја прскаат со вода.
-Во периодот од 20.30 до 20.55  се вршеше агресивно прскање со вода околу мерната станица која се наоѓа кај новиот кружен тек од страна на градинката, велат од „Еко Патола“.
Потоа продолжуваат со презентација на видео материјал.
– Ви презентираме видео материјал кој е снимен околу 20:30 часот, во текот на синоќешната вечер (09.12.2018).
Во периодот од 20:30 до 20:55, се вршеше агресивно прскање со вода околу мерната станица која се наоѓа кај новиот кружен тек, од страна на градинката. Само во овој период од 25 минути, противпожарното возило го сврте кружниот тек 4 пати, додека тракторот 3 пати.
На видеото јасно се гледаат две паркирани коли со вклучени светла за сигнализација, тоа се луѓето кои го водат градот и го следат процесот на прскање на оваа ЗА НИВ КРИТИЧНА И ВАЖНА ЛОКАЦИЈА, притоа давајќи инструкции за тоа како да се врши аеросолизација.
Со ова, вештачки се предизвика мерната станица да покаже дека загадувањето со ПМ честички од 297, според мерењето во 18 часот, паднало под 50 микрограми на метар кубен според мерењето во 21:00.
МОЖЕБИ ПОДОБРО Е ВООПШТО ДА ЈА НЕМА МЕРНАТА СТАНИЦА ЗА КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ?
Овака не се лаже и манипулира народот ни во СЕВЕРНА КОРЕЈА!
ОД СТРАНА НА ОПШТИНАТА БАРАМЕ ВЕДНАШ ДА СЕ ПРЕКИНЕ ОВАА ГЛУПОСТ НАРЕЧЕНА АЕРОСОЛИЗАЦИЈА!
До кога ќе не лажете?-Погледнете како изгледаше мерната станица за квалитет на воздухот во 00:40, час и половина по последното прскање во 23:15.
Целата е водена и може да се забележат вирови со вода, предизвикани од агресивното прскање со вода во нејзина близина и на неа, посебно и на нејзините мерни инструменти.
НАПОМЕНУВАМЕ ДЕКА ДОЖД НЕМАШЕ НИ КАПКА ЦЕЛ ДЕН, А МЕРНАТА СТАНИЦА ИЗГЛЕДА КАКО ДА ВРНЕЛ ДОЖД ВО НЕЈЗИНА ОКОЛИНА СО ДЕНОВИ!
Овакви манипулирања и лажење на народот не постојат ни во СЕВЕРНА КОРЕЈА!-напиаа од Еко аларм.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.