На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, и братот на премиерот Зоран Заев. Според корисникот на Твитер кој ја објави фотографијата, двајцата се во поголемо друштво на прослава на Василица, објави „Инфомакс“.

„Вице – Јанчев муабет….парето к`ј е бе?“ – стои во коментар на фотографијата.

Минатата недела беше обелоденето, дека компанијата на Јанчев „Ја-Ми“ добила тендер од речиси 300.000 евра за чистење на патот Кавадарци-Кожув од „Македонија Пат“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.