Денеска имаме свечено пуштање на пешачко-велосипедска патека во должина од 2.050 метри и ширина 3 метри. Пешачка патека која ги спојува двете најголеми населени места во општина Петровец, тоа е населеното место Петровец и населеното место Р`жаничино. Средствата во висина од 23 милиони денари кои беа за да се изгради оваа пешачка патека во целост се обезбедени од буџетот на општина Петровец.
Ова пешачка патека е изградена пред се значи за децата, учениците наши кои учат овдека во ОУ „Кочо Рацин“-Петровец бидејќи знаеме колку е зголемен сообраќајот по регионалниот пат, тоа го ветивме и ние сме сведоци дека она што јас заедно со моите советници го ветив пред изборите дека ќе изградиме оваа пешачко-велосипедска патека, денес сме сведоци дека само за година и неколку месеци веќе е реализиран овој капитален проект за општина Петровец – истакна градоначалникот на општината Петровец, Борче Митевски.

Тој додаде дека ќе продолжат и понатаму да работат.

Во интерес на нашите граѓани да ги подобриме условите, а вие како медиуми ќе бидете поканети повторно за некаде 3 до 4 месеци за уште еден капитален објект кај што ќе сечеме лента, тоа е новата општинска зграда во Петровец – рече Митевски на крајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.