ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија во Македонија која што добила позитивно мислење од Државниот завод за ревизија (ДЗС), дека токму согласно Законот за финансирање на политички партии и согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ги исполнила своите законски обврски, но поради начинот на работење на партијата и подари скромноста, до сега не ја отворивме оваа тема со цел да се пофалиме, вели портпаролката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа во дебатното избание на емисијата „360 степени” на телевизија Алсат, во која се дискутираше за активната и финансиска транспарентност на партиите, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ги објавувала сите информации и податоци кои што подлежат на законот за финансирање на политички партии.

„Морам да истакнам дека ВМРО-ДПМНЕ добила позитивно мислење од страна на ДЗР, но поради работењето кое што го имаме внатре во партијата на скромност и транспарентност и средување на податоците онака како што вистински треба, никогаш не сме сакале, ниту сме ја отвориле темата да го пофалиме ВМРО-ДПМНЕ дека е единствената политичка партија која што има добиено позитивно мислење од страна на Државниот завод за ревизија. Транспарентноста е нешто на што во едно демократско општество треба да работиме сите активно, треба да вложуваме и да го дадеме својот напор. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, сите барања кои што се согласно индексот на транспарентност, кои што не се само законски обврски, туку и една методологија која што е произлезена од потребата која што ја имаат граѓаните, ги имаме прифатено и имплементирано”, рече Митева.

Таа додаде дека кога се зборува на темата транспарентност, треба да се знае дека тука политика не може да се внесува и дека само за да не се зборува за она што се случува во актуелноста, како на пример ценовните шокови, на СДСМ им е поважно да зборуваат за политички нарачаниот случај Талир, за кој што во рок од 23 часа донесена е незапаметена пресуда спротивно на сите закони.

„Кога зборуваме на тема транспарентност, треба да знаеме дека политика тука не можеме да внесуваме. Можеме да калкулираме со политички говори за тоа дали еден случај како Талир е политички нарачан, во 23 часа е донесена пресуда незапаметена по словото на законите и можеме да замислуваме колку на СДСМ им е важно да се зборува за нешто за кое што не постои фер и демократски судски процес, наместо да се зборува за тоа што се случува во актуелноста”, истакна Митева.

Во однос на Законот за пристап до информации од јавен карактер кој што е донесен во 2019 година, Митева истакна дека тој закон, иако е позитивно нешто, донесен е бес консултирање со опозицијата.

„Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е донесен 2019 година, каде што веќе политичките партии стануваат иматели на информации од јавен карактер. И, ова не го кажувам од причина да барам било какво оправдување, но во рамки на преговарањето и договарањето на еден ваков закон како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ не била консултирана. За што не сметам дека е лошо, напротив сметам дека е позитивна работа, но чисто алармирам на тоа какви се состојбите, генерално, во општеството”, рече Митева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.