Власта повторно подготвува ново задолжување, но сака да ја сокрие вистинската намена за зaдолжувањето во висина од 900 милиони евра. Додека кажуваат дека тоа се 900 милиони евра за буџетска поддршка, суштината е нешто друго. Додека кажуваат дека тоа се 900 милиони за ликвидноста на буџетот, суштината е нешто друго. Таа приказна тешко поминува, наидува на критика во јавноста, па потоа кажаа дека се потрошени државните резерви во четвртиот квартал од минатата година. Велат, биле потрошени нешто повеќе од 12% од вкупниот волумен на државни резерви па требало тие да се покријат, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани, суштината е нешто друго, веќе видено, добро познато и карактеристично за оваа власт.

Повторно главен играч тука е ДУИ, а СДСМ е само набљудувач на тој процес.

Која е суштината? Овие 900 милиони всушност се наменети за проект кој што долго го најавува ДУИ. Дали тоа се пари кои се наменети за тој проект, а како подготовка на проектот, изминативе денови е направена и промена на сопственичката структура на една стара градежна македонска компанија чија сопственост сега во дел е на лице кое што е блиско до ДУИ.

Повторно за криминал, на ист начин, но сега во различна форма. Тоа е суштината и тоа треба да го знаат сите граѓани. За реализација на еден бизнис Македонија ќе има 900 милиони евра нов долг. Притоа, Македонија ќе нема ниту еден проект додека Ковачевски и СДСМ ја фрлаат државата во должничко ропство, вели Митева и додава:

СДСМ е партијата која испорача долгови, криминал и корупција.

СДСМ не направи ниту еден значаен проект изминативе 5 години, но затоа го дуплираше јавниот долг.

СДСМ ја краде иднината на генерациите, затоа што наместо раст и развој генерира долгови кои треба да се враќаат во наредните децении за покривање на криминалот и нивната неспособност.

Затоа, изборите се решението за излез од кризата а за тоа е потребна општествена мобилизација, рече Митева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.