По денешната прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева од медиумите беше запрашана како ги коментира состојбите во образованието со оглед на фактот дека СОНК го продолжува штрајкот, а владата нема решение за нивните барања.

Ова е уште еден доказ дека Македонија е заробена држава. На дело се гледаат жестоки притисоци кои оваа Влада ги прави врз образовниот кадар. И наместо да ги прифати барањата на СОНК кои во целост се оправдани, се служи со недемократски принципи на заплашување и закана дека нема да им исплати плата на образовниот кадар. Иако СДСМ е партија која е добро позната по ваквиот принцип на работа, сепак морам да истакнам дека сум згрозена од методите кои што ги употребува власта врз просветните работници, истакна Митева.

Митева додаде дека СДСМ само придонесе да има енормно поскапување на сите трошоци за живот. Но, СДСМ не придонесува за зголемувањето на платите на образовниот кадар, кое всушност ќе значи само дека го добиваат она што основно им е потребно.

Кога треба да обезбедат пари за граѓаните тогаш СДСМ се повикуваат на светски економски кризи, а кога треба да ги задоволат личните или партиските бизнис интереси тогаш пари во буџетот има, нагласи Митева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.