Додека во Собранието се избира нова влада која ќе биде само продолжение на погубните политики на Владата на СДСМ, македонската економија ќе треба да се заздравува во следните 365 дена, а предизивиците со енергетската, здравствената криза се нешто со што ќе се соочуваме, рече Марија Митева, портапролка на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата  насловена како „Тендери и криминал за власта – за народот скапа струја и поскапо парно греење“.

Митева се осврна на капиталните инвестиции во земјава.

За капиталните инвестици малку се зборува и малку внимаение се посветува и како показател ја земам 2021 каде во Буџетот беа проектирани 390 милиони евра за капитални инвестиции, потоа со Ребалансот на Буџетот се зголемија и беа околу 484 милиони евра, за на крај да имаме реалзиација само од 217 милиони евра што е помалку од 45 проценти реализација“, информираше Митева.

Според неа ова има два показатели. Првиот, дека немаме развојна стратегија односно не знаеме како и колку треба да инвестира и каде, второ, дека политиката ја надвладува стручноста или огромниот број на капитални инвестиции кои се само на хартија завршуваат  со зделки во четири очи за СДСМ и не им е важно колку и каде ќе се инвестира, туку колку и кој ќе има профит од сето тоа.

По сите негативни стапки на развој во економијата повторно го имаме истиот економски тим, истиот енергетски тим во Владата, нема апсолутна никаква промена. Наместо владата да размислува за неутрализирање на ефектите од кризата преку капитални инвестиции  и зголемено ниво на инвестиции во инфраструктурата патишта, училишта, болници се оди на нови кризи“, посочува Митева.

Таа посочи дека ни недостасува влада која ке размислува за тоа што добиваат граѓаните, а не за сопствен бенефит.

За странските директни инвестиции во еден извештај за 2010  – 2020 година има дека компаниите ја оствариле целта поради која дошле и инвестирале  во Македонија, што говори за тоа бенефитот во моментот особено последните неколку години што има државата  од инвестициите во 2008 година, 2009 година и 2010 година го гледаме сега затоа што компаниите плаќаат повеќе пари кон државата отколку што државата плаќа на нив преку субвенции. Во странските директни инвестиции бенефитот треба да го глеаме долгорочно односно помеѓу 5 и 10 години, и ние допрва ќе го видиме ефектот од инвестициите во 2012 година, 2013 година и 2014 година“, заклучи Митева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.