Пратениците на СДСМ гласаа против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2806 денари. СДСМ им го отежна животот на десетици илјади семејства, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Линеарното зголемување на платите кое СДСМ го отфрли, беше всушност и законска обврска на власта за спроведување, која не ја почитуваат, а произлегува од Законот за зголемување на минималната плата, кое само по себе бара линеарно усогласување на сите плати.

Ова се истите пратеници кои изгласаа буџет од скоро 4.5 милијарди евра, а во изминативе 5 години изгласаа буџети од вкупно 20 милијарди евра.

Ова се пратениците кои изгласаа буџет од кој се одвоија средства за набавка на златен прибор за јадење за потребите на Ковачевски од околу 40.000 евра.

Ова се пратениците кои изгласаа буџет од кој се одвоија средства за грантот на Заев, кој е во висина од 1.4 милиони евра.

Ова се пратениците кои гласаа буџети, од кои се одвојуваа милиони за тендери во РЕК Битола, пари од кои се полнеа џебовите на луѓето блиски до власта, истакна Митева.

„Овие 64 пратеници предводени од СДСМ се пратениците кои ќе останат запаметени како пратениците кои го овозможија луксузот на власта и одобруваа пари за тендерите на Заев и Ковачевски, а не сакаа да одобрат пари за работниците во јавниот сектор, од кои многумина со таа една плата издржуваат цело семејство.

И уште еднаш потенцираме. Пари за работниците има, само власта на СДСМ мора да престане да краде. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде со работниците и народот, и по промената на власта и доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ работниците и народот ќе бидат на прво место, рече Митева.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.