Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за најавениот нов балансер со кој е најавено дека ќе се брои и дијаспората истакна дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека балансерот треба да се напушти затоа што претставува сериозно нарушување на системот на квалитет

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека балансерот треба да се напушти затоа што претставува сериозно нарушување на системот на квалитет. Напредокот треба да биде базиран на знаење и квалитет и ова е наш став и истиот нема промени од кога е донесен до ден денес. Искуството покажува дека досегашниот систем освен што создава неквалитет, истиот не е и праведен. Време е да создадеме систем за граѓаните, а не систем за неколку политички моќници затоа што администрација која со квалитет ќе им служи на граѓаните и е потребна на Македонија, а не административци кои со неквалитет ќе им служат на политичките моќници – нагласи Митева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.