Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната прес конференциоја одговарајќи на новинарско прашање кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за можноста Алтернатива да биде дел од владата на СДСМ и ДУИ, нагласи дека Алтернатива има две опции или да го послуша гласот на граѓаните кои на овие избори гласно се спротивставија на политиките на оваа влада или да тргне по позиции и со самото тоа да се претопи во криминално милје на Заев.

Ако Алтернатива мисли дека треба да биди дел од влада на СДСМ и ДУИ и на сето она што тие како багаж го носат со себе, криминал, корупција, сиромаштија, тогаш навистина искрено жалиме. Алтернатива има две опции, едната е да го послуша гласот на граѓаните кои на овие локални избори гласно се спротивставија на политиките на СДСМ и ДУИ, или да тргне по трката за позиции и со тоа да се претопи во криминалното милје на Заев – вели Митева.

Митева истакна дека во моментот владата се опстанува врз основ на киднапиран пратеник на кој што како што рече таа му пропаѓа оправдувањето кое што го дал за таков чекор, а тоа е добивање на датум за почеток на преговорите со Европска Унија.

Во однос на ситуацијата 60 – 60 во моментот можеме да кажеме дека власта се одржува врз основа на киднапиран пратеник на кој што гледаме дека му пропаѓа и она оправдување кое што го даде за таквиот чекор, а тоа е добивањето на датум за Европската унија – изјави Митева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.