Во третото продолжение од сторијата „Советничка афера“ ИРЛ објави нови три имиња кои му се надворешни советници на премиерот Зоран Заев. Мистериозен советник за ЕУ, водител и текстописец на народни песни и новинар.

Поетот, текстописецот и водителот Ѓорѓи Калајџиев е првиот надворешен советник кој го поставил премиерот Зоран Заев. Договорот е склучен еден ден по формирањето на Владата, на 1 јуни 2017 година. 56-годишниот струмичанец му е советник за медиуми на премиерот, а за својот ангажман добива по 40.000 денари месечно.

Љупчо Зафировски e соработник за „Олеснување на процесот на пристапување на РСМ кон ЕУ, помагање во остварување на стратешките приоритети и определби на Владата во однос на евроатлантските интеграции“. Ова е единствената информација која ја добиле од Владата за овој советник на Заев со месечен хонорар од 1.200 евра.

Советникот кој е еден од подобро платените не можевме да гo најдете на ниту една социјална мрежа, ниту пак неговото име се појавува на пребарувачот Гугл. Баравме некој труд, анализа или изјава поврзана со Европската Унија, но такво нешто не постои – пишува ИРЛ.

Го пронашле во кафуле во Скопје, но не сакал да зборува. Побарал прашања на меил на кои не одговорил.

На платниот список на Заев е и новинарот од ТВ 24 Љубиша Станковиќ. Тој е соработник за „Комуникација и односи со јавноста во процесот на реформа на правосудниот систем и учество во советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот систем (2017-2022)“.

Станковиќ е ангажиран како ПР на Советот за реформи на правосудството од април минатата година. Тој добива месечен хонорар од 30.000 денари. Станковиќ беше еден од жестоките критичари на претходната власт, активист и учесник во „Шарената револуција“.

Целиот текст на следниот линк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.