На денешната седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања во Собранието, на која се одлучува за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, пратеникот од СДСМ Горан Мисовски му реплицираше на Вељаноски дека Груевски ги пуштил сите низ вода.

Целиот напад беше организиран и координиран од Белата Палата. Многу шпекулации имаше за овој настан но истрагата ги однесе во друг правец. Не може ние да го цениме обвинителниот акт, рече Мисовски.

Вељаноски вели дека ниту на крај памет не му паднало дека може таков настан да се случи во Собранието. Поранешниот претседател на Собранието се појави на седницата за да се брани пред своите колеги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.