Имаме 100 дена најлоша Влада во историјата на Македонија. Најлоша Влада. Не зборувам за претходните години на оваа Влада, туку за првите 100 дена. На „Транспаренси Интернешнл“ сме вака најкриминална држава во Европа. Постојано слушаме еден куп работи дека ќе изградат, а нема ниту еден капитален проект. Постојано слушаме за некои реформи а бришат историја. Постоја слушаме за некои реформи ама ги нема – рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во дневникот на Сител Телевизија.

Мисајловски додаде дека со вакво темпо граѓаните на оваа Влада довербата нема да им ја дадат.

Е, сега прашањето е дали граѓаните на мене повторно ќе ми ја дадат довербата. Одговорот е да. Ќе ми ја дадат довербата, ама знаете кога? Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе даде програма и ќе биде убедлива на овие избори и кога ќе победи. Само тогаш народот ќе се свести дека ВМРО-ДПМНЕ е подобра – истакна Мисајловски.

Мисајловски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на терен и ќе работи со граѓаните.

Ексклузивно за брзо време, наредната недела ќе седнат работни групи да се договорат за изборниот законик и за тие други теми. Ние имаме барање локалните избори да бидат во еден изборен круг. Но сето тоа ќе биде тогаш ставено на маса како во пакет за разговори – нагласи Мисајловски.

Мисајловски додаде дека се надева дека ќе се постигне договор по сите прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.