Денеска е еден убав ден каде што славиме 29 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, но и преку еден век постоење на организацијата ВМРО. Она што е важно и треба да се испрати секако е обединување и слога во Република Македонија. И она што е најважно за сите граѓани е просперитет, но и проекти насекаде околу нас. Ние можеме да забележиме дека две години оваа влада го допре дното и тоа на секое поле, истакна потпретседателот Владо Мисајловски во вестите на Канал 5 по повод роденденот на партијата.

Мисајловски додаде дека постојано слушаме гафови и невистини, а тоа за жал продолжува од страна на оваа влада.

Граѓаните сакаат нешто подобро, сакаат што нешто ќе ги сплоти, а тоа е се разбира подобра економија, подобри економски можности за сите бизнисмени, подобро здравство, подобра инфраструктура и се она што е околу нас, појасни Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.