Мисајловски: Три години од „куфер политика“ заборавивте и на ветувања и на проекти

Македонија 25.08.2019 / 15:29

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на Фејсбук ја прозва власта дека „три години  не мрднала со прст“.

Три години со прст не мрднавте и тоа се гледа. Три години од „куфер политика“ заборавивте и на ветувања и на проекти. Недостасува уште да ги укинете капиталните инвестиции. Не мрднавте со реализација над 50% на годишно ниво, а ја задолживте државата со над 5 милијарди евра.

Во пауза од рекетот, Заев оди на отварање на автопатишта во соседни земји, наместо да работите на инфраструктурата во земјава. Една бандера не успеавте да поместите со месеци. Само за трубачи и чочеци ве бива. Пензионерите ви се смеат за покачувањето од 36 денари, додека гледаат како милиони евра се делат во Луј Витон торби. Барем да бевте чесни и да не ги кочевте проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Сега ве фаќа паника, но доцна е. Граѓаните ве прочитаа. Следи период на обнова на Македонија. Факт е дека немате НИТУ ЕДЕН ваш проект. Затоа и не може да наброите барем еден експресен пат кој што е започнат во овие три години. Затоа не може да кажете кој километар автопат сте го отпочнале. Затоа никој не гледа ниту метар од новите 500 километри автопат што ги ветувавте. Што испроектиравте и што изведовте, а не беше започнато претходно? Одговорот е НИШТО.

Ефектот од вашето работење не е еднаков ниту на нула. Вие ја уназадивте Македонија. Иста е состојбата и во гасификацијата и во железницата. Три години не може да ги завршите проектите оставени од ВМРО ДПМНЕ, а не да реализирате некој ваш. Вие сте единствената влада во Европа која три години нема еден свој проект или целосно своја градба. Граѓаните на Македонија не заслужуваат ваква власт. Што побргу си заминете, тоа подобро и за вас и за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.