Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски коментирајќи го  инфраструктурниот бум кој го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека покрај ветените 150 километри експресни патишта, ќе следуваат уште многу инфраструктурни проекти.

-Инфраструктурниот бум ќе опфаќа голем дел од територијата на Република Македонија, што значи ќе се изградат нови 1000 километри магистрални и регионални патишта кои ќе бидат од корист на сите граѓани на Република Македонија кои досега немале можност или поврзување со одредено место. Главна поента на инфраструктурниот бум е поврзување на сите граѓани и олеснување во нивното секојдневно функционирање. Покрај овие магистрални и регионални патишта, Мисајловски најави дека ќе се градат и нови автопати, но дека и ќе се завршат веќе отпочнатите проекти кои датираат од времето на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се автопатот Кичево – Охрид. Императив на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде и градење автопат кој ќе поврзува Скопје – Велес – Прилеп – Битола, кој ќе биде најбрзиот автопат со кој за час и половина ќе се стигнува од Скопје до Битола. ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и сега ќе биде на служба на граѓаните, односно ќе работи на остварување на потребите на граѓаните. Следуваат уште многу проекти и важни работи кои ќе бидат од корист на граѓаните, меѓу кои и овој инфраструктурен бум кој во секаква смисла ќе ја поврзе државата од сите делови, односно сите градови-изјави Мисајловски за Сител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.