Пратеникот Владо Мисајловски на денешната собраниска расправа за избор на уставен судија потенцира дека предлогот за Добрила Кацарска да биде уставен судија претставува награда за нејзе затоа што таа помогнала да се промени уставното име на Република Македонија.

Овие неколку денови разговараме за овој предлог за уставен судија, не станува збор за никакви компетенции, не станува збор за никакви позитивни страни што ги има Добрила Кацарска. Јас ќе бидам искрен и отворен Добрила Кацарска добива награда зошто направи една многу важна работа, а тоа е промената на уставното име, таа беше дел што помогна да се смени уставното име на Република Македонија. Причината е да се затскријат сите оние постапки кои ги имавте вие од СДСМ односно вашиот лидер и тоа е дел како да се смени уставното име на Република Македонија и затоа е ова награда и тука нема компетенции. Не станува збор колку е квалитетна  Кацарска и тоа сите добро го знаете дури ни вие не ја браните, туку кажувате зошто мора да биде. Но реалноста е сосема поинаква, награда за драконските казни што ги направил изминатиот период, знаете што се случува изминативе денови? Јас доаѓам од Ѓорче Петров, едно дете кое живееше во Ѓорче Петров кој се викаше Ангел беше убиено, а врховниот суд ги ослободи тие луѓе од казна и со тоа се станува јасно во Република Македонија, рече Мисајловски.

Пратеникот во своето обраќање посочи дека СДСМ ги бранеше и специјалните јавни обвинители затоа што и тие беа дел од приказната за промена на името на државата.

Исто така браневте и едни други таканаречени ваши обвинители, специјални и знаете што се случи. И тие беа дел од приказната за промена на името и се фалеа на нивните колеги дека они направиле маестрална задача, помогнале да се смени името на Република Македонија, тоа е суштината, тоа е вистината. Не може да збориме за компетенции на некој кадар каде што во светот се зборува за потсмев, се зборува како не треба  да биде. Да ние сме единствената држава во светот каде што се изучува  како судиите не треба да работат, додаде Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.