Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски беше гостин во дневникот на Канал 5 телевизија.

Тој говореше за анкетата на ИПИС која покажа дека ВМРО-ДПМНЕ има поголема доверба од граѓаните отколку СДСМ и ги коментираше изјавите на власта дека овие анкети не се релевантни.

Граѓаните ќе им кажат на 12-ти април кој ќе победи и кој ќе ја формира најновата Влада. Нека не паничат, нека не навлегуваат во некои игри свои дека не се точни анкетите бидејќи народот веќе говори јавно, гласно и веќе граѓаните сакаат промени. Ние постојано правиме анкети, различни анкети каде постојано се зголемува предноста на ВМРО-ДПМНЕ. Во една работа ќе се служам со нив, не е 4% предноста, туку е поголема предноста на ВМРО-ДПМНЕ и набрзо тоа сите ќе го видат. Затоа ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, следува нова кампања, следуваат нови избори и ги повикуваме сите заедно да ја направиме историската победа на ВМРО-ДПМНЕ која ќе се случи наредната година и сами ќе видат дали овие анкети се релевантни или не. Но, од друга страна ги повикувам и ако имаат други анкети да ги објават јавно бидејќи знаеме дека имаат и тие анкети, знаеме дека губат и на тие анкети. Најважно е што мислат граѓаните. Ние сакаме тоа да го погледнеме на терен. Постојано сме со граѓаните на терен, слушаме што тие говорат и затоа ја правиме оваа програма која се нарекува „Обнова на Македонија“ и набрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи убедливата историска победа на следните избори – порача Мисајловски.

Мисајловски вели дека набрзо ќе излезат имињата за техничката Влада, но оцени и дека СДСМ се обидува да избега од избори.

Ние сме постојано во консултации, се подготвуваме за оваа техничка Влада. Набрзо ќе излезат и имињата. Најважно од се е да се случи оваа работа, односно да се дозволи техничката влада бидејќи како што гледаме СДСМ веќе на големо почнува да бега од избори и се надеваме дека на 3-ти јануари Заев ќе си замине од премиерската функција и нови луѓе ќе дојдат на тие места. ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже дека има нови, свежи луѓе кои ќе дадат максимум за Обнова на Македонија – порача Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.