Право и правда во Македонија веќе не постојат. Институциите во целост се ставени во служба на власта. Се злоупотребуваат и законите и сите државни ресурси за политичка пресметка со сите кои мислат поинаку, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на денешната прес-конференција органзирана по апсењето на лидерот на опозициската ГРОМ, Стефчо Јакимовски.

Зоран Заев и Стево Пендаровски се исплашени од граѓаните. Паниката е толкава што СДСМ, денес, на еден месец пред претседателските избори реши да го апси лидерот на една од поголемите опозициски партии. Денешното апсење на Стевче Јакимовски е политички прогон и обид за заплашување на опозицијата.

Тие знаат дека ќе ги загубат претседателските избори и затоа монтираат судски процеси и апсат секој што може да им се спротивстави.

Ваквото однесување на Зоран Заев има две цели. Да испрати порака дека тој може да направи што сака и дека сите треба да му се плашат без да помислат да се спротивстават и втората цел да се сврти вниманието од сите предавства, криминали и непотизам на власта кои секојдневно ги гледаме.

Мисајловски рече дека Заев и Пендаровски се исплашени поради нискиот рејтинг, како што рече Заев.

Секогаш кога СДСМ паѓа Русковска обвинителството и Кацарска судството отвораат нови монтирани процеси и шиканираат луѓе по судови. Ова е втор обид да го исплашат и скршат Стевче Јакимовски и ГРОМ кои продолжија да делуваат опозициски. Ова е нов неоснован обид да се загуши опозицијата.

Единствена причина што после две години власта апси и прогонува е затоа што очајно губи, рече Мисајловски, и нагласи дека функциите не се задржуваат со злоупотреба на институциите и со малтретирање на оние кои мислат поинаку.

ВМРО-ДПМНЕ ја уверува и власта и граѓаните, дека за сите овие монтирани судски процеси и прогон кој го врши врхушката на власта и нивните извршители низ институциите ќе одговараат кога ќе се врати правната држава и владеењето на правото во Република Македонија. Постапувањето на секој поединец ќе биде анализирано и процесуирано. Секој еден кој врши политички прогон и е маша во рацете на власта мора да знае дека одговорност ќе има. Ниту еден криминал нема да остане неказнет. Правдата ќе победи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.