Пратеникот Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница во Собранието соопшти дека нема да гласа за изборот на Талат Џафери за претседател. Обраќајки се од говорницата рече дека ова е денот каде што почнува мафијата да си добива нова влада и да добива нова држава.

Сакам да ве прашам дали Заев ве предлага или Али Ахмети? Дали Заев кој вели дека ДУИ со популистичка кампања ќе оди во опозиција? Дали оној Заев кој вели дека пет пари не вредите? Дали оној Заев кој вели дека ДУИ ќе оди во опозиција бидејќи нема иднина национализмот во Македонија? Дали Мухамед Зеќири ќе ве гласа, кој велеше дека сте канцер на општестото? Дали нешто друго ве спојува вас?, праша од говорницата Мисајловски и продолжи: Ве спојува , моќта, парите, тендерите и се останато…

Мисајловски праша и дали за претседател на собранието Талат Џафери е предложен од Али Ахмети кој вели кога Заев ќе се напие некоја ракија дава чудни изјави?

Сето ова се говореше во изборната кампања. Сето ова од денеска не важи. Затоа граѓаните треба многу добро да знаат. Се што говори оваа т.н нова Влада се ќе излаже. Тоа го правеше изминативе три години тоа ќе го прави постојано во иднина, порача Мисајловски.

Правејќи паралалела со објектот во Мавровка кој никој не знае кој го гради, Мисајловски рече дека таква е и оваа власт, дека кога тогаш и оваа власт ќе биде урната, ќе трае кратко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.