Носителот на Изборната единица 2 Владо Мисајловски попладнево оствари средба со жителите на општината Трубарево во Скопје.

На средбата тој се сретна и со спортските работници од оваа општина, а пред сите жители ја претстави својата програма за „Обнова на Македонија“ која содржи над 1.000 проекти.

Програмата како што вети тој ќе се реализира по 15 јули и победата на ВМРО-ДПМНЕ само доколку народот ги поддржи нив.

Ги посетив и спортските работници од населеното место Трубарево. Спортот не треба и не смее да биде предмет на политички препирки. Тоа е нешто кое сите ги обединува и воедно на вистински начин ги воспитува најмладите. Спортските работници се жалат дека изминатите речиси четири години воопшто не се вложува во спортот, а и оние затекнати спортски сали и игралишта од времето на ВМРО-ДПМНЕ, во моментов се руинирани. Овие луѓе имаат барања и потреби да се вложува во спортот и во најмладите. Здрава младина значи светла иднина. Затоа се обврзуваме дека новата влада формирана од ВМРО-ДПМНЕ со голем интерес ќе вложува во македонскиот спорт и ќе помага на спортисти индивидуалци со цел претставување на нашата земја во најдобро светло насекаде во светот.

Спортот во Македонија заслужува обнова!
Младите заслужуваат светски спортски стандарди! 🇲🇰
#ОбноватаПобедува #ИсправиСеМакедонијо, напиша Владо Мисајловски на ФБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.