Денеска сме тука во Куманово заедно со општинскиот комитет од Куманово, но се разбира и со многу граѓани што дојдоа денеска да ни укажат дека ова е град хероj, ова е градот Куманово каде што многу луѓе во историјата го дале својот живот за Македонија, истакна потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски на денешниот протест во Куманово.

Денеска со еден протест тука во Куманово, со една блокада низ улиците ќе поминеме со колите се разбира за да обрнеме внимание на секој еден да не чуе, да не слушне а секако и да ни се приклули за борбата за Македонија. Сега е време да покажеме пркост бидејќи Зоран Заев и неговата свита сакаат да не прекрстат, сакат да не омаловажат, сакаат да ни се исмејуваат, а сакаат да ни го сметат идентитетот – рече Мисајловски.

Да не дозволиме никој од нас, а се разбира да не дозволи никој во оваа држава повторно Зоран Заев да тргува со нашиот идентитет, со нашиот јазик, со кумановци.

Овде имало многу луѓе што се бореле за Македонија, овде лежат многу коски на многу херои на Костурница, но се разбира и многу борци што се родиле но и поколенија што останале во Куманово и што се гордеат со овој град. Не може некој со изјави макар бил тој премиер на држава да се потсмева. Не може да се заборави секоја една капка крв што паднала во Куманово за борбата против фашистите, против окупаторот, а се разбира било за слободна Македонија.
Затоа драго ми е што во Куманово се собираме да направиме протест но ги охрабрувам насекаде во државата, не само општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ туку сите граѓани да ни се приклучат дали со нивните возила, дали на било каков друг начин да посветат малку време да ја покажат нивната пркост бидејќи промените започнуваат од секој еден од нас.
Затоа уште еднаш сакам да потенцирам дека денеска сме во Куманово односно вечерва сме во Куманово, но продолжуваме со големи настани и во Скопје, а се разбира вечерва и во многу градови во Македонија. Борбата мора да биде на улицата бидејќи Зоран Заев мора да си замине, а сите ние ако сме гласни борбата ќе ја добиеме – рече Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.