Денеска бев во Јегуновце со караванот #ОбнованаМакедонија. Како и секаде во државата и тука е истата слика. Разочарување, депресија, безнадежност и очај. И тука нема ништо од дадените ветувања. Се што Јегуновце доби е зголемен процент на невработеност и затворена фабрика, пишува на Фејсбук потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Ова мора да се промени. Ова мора да го промениме. ВМРО-ДПМНЕ има сила, знаење, желба и капацитет да го промени ова секојдневие. Заедно со народот да донесеме просперитет и подобри услови за живот на нашите сограѓани. Ние нема да бегаме, туку ќе се соочиме со проблемите и со многу работа ќе ги решаваме, порачува Мисајловски.

Ако Пендаровски Стево и владата на СДСМ сакаат да си одат доколку не се на своите удобни фотелји и функции, ние ќе останеме со народот на Македонија и со неговите маки и проблеми, затоа што оваа прекрасна држава и овој честит и достоинствен народ заслужува обнова, додава Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.