На денешната собраниска седница се обрати пратеникот и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој кажа дека во четири години владеење на СДСМ на сите огромни скандали нема никаква политичка одговорност.

Мисајловски појасни дека огромни проблеми има и со јавните набавки и дека нема тендер кој што не е наместен од страна на власта што е серизоен проблем во борбата против корупцијата.

Од четири години за никој од власта политичка одговорност нема. Апсолутно нема, може прогон против ВМРО постојано да има но во моментов за власта за никој нема. Прво нешто што го спомнавте како главен приоритет се јавните набавки. Јас тука ќе бидам директен, кажавте убави формулации како треба да се спроведува, но јас ќе ви кажам директно нема тендер кој што не е наместен. Убаво наведувате акциски планови формули но што ќе се спроведе. Бидејќи слушнавте колку има наместено тендери. Моментално слушаме за Рашковски тендерите дали има вистина во тендерите за ископ и дали има вистина во сите оние тендери што ги чувме со некои фантомски фирми за вакцини, дали има вистина за тендерите оние во здравството и така натаму, рече Мисајловски.

Пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ Мисајловски истакна не треба да се носат стратегии и планови само затоа што тие се законска обврска туку дека тие истите треба и да се спроведуваат мислејќи на Националната статегија за спречување на корупција. Мисајловски истакна дека државата е постаната мафијашка со сите скандали и афери од страна на СДСМ и дека со вакво владеење повеќе од јасно е дека мафијата има своја држава.

 Јавно кажувам јас ќе го подржам овој документ. Ќе го поддржам навистина, но од тоа да има ефект бидејќи ова е законска обврска и да не испадне дека се носат само планови стратегии само затоа што има законска обврска. Државава ни станува мафијашка држава. Јас кога почнав со првиот говор тука премиерот министрите ја формираа владата кажав дека мафијата си доби држава и сега гледаме овој мозаик, и овие коцки како полека една по друга се лепат и гледаме дека навистина со оваа држава владее мафија, дополни Мисајловски.

Владо Мисајловски пратеник од ВМРО ДПМНЕ на собраниската седница потенцираше дека за овие четири години скоро и да нема предмет за партиските вработувања кои ги спроведува СДСМ. Мисајловски кажа дека СДСМ континуирано вработува по партиска линија во државните и јавните институции и дека за тоа нема никаква одговорност. Мисајловски рече дека во изминатите четири години и да нема човек кој не е вработен од страна на СДСМ.

Има ли предмет за овие 4 години за партиските вработувања. Дали има за роднини, пријатели на пратеници на директори и слично. Многу малце, минимално или ич. Еве ве охрабрувам секој предмет да го проверите и не само она што ќе го чуете од оваа говорница или од новинарите но и вие сите што сте во комисијата да дадете максимум да се извади се на површина и да се види тоа. Па сега нема човек што не е вработен од СДСМ не постои таков. И тоа е реалноста заврши Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.