Преполниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел го отсликува епилогот кој ќе се случи на 12-ти април. Општинскиот изборен штаб е силно мотивиран и одлучен да победи на предвремените парламентарни избори.

Нереализирани ветувања, потежок живот, без перспектива и можност за подобра иднина велат дека добија од “животот” кој пристигна. Победнички Бутел секогаш бил искрата на промените во Република Македонија. Храбри и домаќини луѓе кои си ја сакаат својата држава.

Обновата ќе стигне во секој дом и кај секој човек. Заедно ќе ја дигнеме Македонија од пепелта и пустошот и ќе покажеме дека може да биде успешна приказна.
За посилна и попросперитетна Македонија!

Во Бутел победуваме! Напиша на Фејсбук, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.