Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска продолжи со средбите со граѓаните во рамки на акцијата “Обнова пред твојот дом”. Тој се сретна со граѓаните на Бутел каде размени мислења за актуелната состојба во Република Македонија.

Продолжуваме со средбите со граѓаните во рамки на акцијата “Обнова пред твојот дом”.

Денеска сме во Бутел каде што ја користиме можноста да размениме мислења со граѓаните за актуелната состојба во Република Македонија.

Факт е дека никогаш не било полошо. Системот не функционира, економијата веќе три години е во слободен пад, сиромаштијата расте, се носат непромислени мерки и закони со цел предизборни поткупи и обид за исправање на впечатокот дека понеспособна влада немало досега во историјата.

ВМРО-ДПМНЕ веднаш по победата на 12-ти април и превземањето на власта во Република Македонија ќе започне со бескомпромисна и беспоштедна работа, брза лента која ќе ја придвижи државата напред со многу мерки, проекти и реформи бидејќи Македонија тоа го заслужува.

Бутел и бутелчани ќе дадат поддршка за обновата на Македонија, напиша на својот фејсбук профил, Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.