Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во изјава за дневникот на телевизија Сител порача дека е време да се формира влада за национален спас, бидејќи Владата на Зоран Заев како и Собранието не функционира.

Како што истакна Мисајловски, тоа е причина поради која страдаат граѓаните на Република Македонија.

Моментално власта во Македонија  не функционира. Вие денеска ја имате власта каде што не може да обезбеди кворум. Денеска немаше можност за гласање на одреден број на закони. Денеска немаше можност како Кацарска да ја изберат, бидејќи немаа доволен број на пратеници – истакна Мисајловски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има добра соработка со опозициските партии во Собранието и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски партии се бори со корупцијата и неправдите кои власта секојдневно ги нанесува.

Впрочем, кога е најтешко Македонија, зборам за здравствената криза нема поделба, независно дали си Македонец, Албанец, Ром итн. Тука треба сите да се сплотиме – порача Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во најтешките моменти во кои се наоѓа државата, владата наместо да помогне, таа ја обвинува опозицијата дека е виновна за се.

Моментално не функционира Собранието, а верувајте не функционира ниту Владата. Затоа е морално тоа да се направи, а тоа е влада за национален спас. Не може СДСМ да вели дека ги носи сите закони во Собранието, а верувајте без нас не може ништо да помине – нагласи Мисајловски.

Мисајловски порача дека водење онлајн седници на СДСМ тоа нема никогаш да помине.

Во текот на својата изјава Мисајловски се осврна и на изборите за Општина Штип и посочи дека е добро што одредени партии го делат истиот став со ВМРО-ДПМНЕ дека не може избори да се одржуваат кога на дневно ниво се има над 1.200 новозаразени од Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.