Денеска ги поздравив родителите на Јане Ченто кои ги знам многу одамна, тие се скромни и домаќини луѓе. Го положија своето цвеќе на нивниот Методиј Ченто кој го дал и последниот атом од себе за независна Македонија, но и побараа слобода за Јане, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на Фејсбук.

-Јане го знам од дете и знам дека Јане никогаш нема да биде против Македонија, затоа и јас ќе кажам Слобода за Јане Ченто. Јане, Трајко, Спиро, Миле и останатите чесни патриоти не се терористи, кои без докази, но со политички прогон ги осудија на драконски казни. Нека овој Илинден донесе сплотеност и разбирање и се стави крај на било какви неправди, а кога ќе престанат неправдите ќе победи разумот. Да си ја сакаме Македонија сите заедно, зашто Македонија е на сите луѓе. СЛОБОДА ЗА ПАТРИОТИТЕ, СЛОБОДА ЗА НЕПРАВЕДНО ОСУДЕНИТЕ!!! Честит ИЛИНДЕН на сите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.