Денеска имаме една убава прилика да дојде и министерот за внатрешни работи тука во Даме Груев во општина Ѓорче Петров. Се разбира со своите работни активност да им укаже на граѓаните дека секој има право да си го даде својот глас, да се чувствува комотно без никаков притисок и се разбира денот на изборите да помине како што доликува на една европска држава а не со уцени или било што, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 2.

„Затоа е добро на секаде во Република Македонија, поготово во изборната единица 2 ако некој случајно почувствува дека неговиот глас или неговото излегување би било цена или притисок од било која политичка партија, министерот е тука, неговата екипа е тука се разбира, и сите униформирани полицајци да го спречат тоа.

Се надевам дека ќе имаме добра изборна кампања, позитивна изборна кампања и се разбира да победи најдобриот, а јас секако ќе кажам тоа е ВМРО-ДПМНЕ бидејќи обновата доаѓа“-порача тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.