Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев заедно со потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и Советникот за меѓународна политика Стефан Андоновски, остварија средба со Раководителот на дивизијата за Западен Балкан во МНР на Германија – Сабине Стохр и Амбасадорот Томас Геберих.

Како што стои во соопштениеот од партијата, на средбата била пренесена загриженоста за состојбите со владеењето на правото, корупцијата и економијата во Република Македонија.

Истакнавме дека оваа власт го изгуби легитимитетот и не може во никој случај да биде предводник на реформи кон европската патека. Потребни се промени веднаш, а тоа е само можно со нова влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, порача Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.