Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска беше во работна посета на општината Ѓорче Петров.

-Денешната сабота ја искористивме за средба со граѓаните на Волково, Ново Село и Кисела Јабука во Ѓорче Петров.

Граѓаните во Ѓорче се разочарани и силно мотивирани да се случат промени.
Нема ништо од ветувањата на власта, а локалната самоуправа е тотално дезориентирана.
Прогонот и монтираните судења нема да донесат подобар живот.

Во Ѓорче Петров ќе победи Република Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.