Ако пред неколку години довербата во правосудството и судството беше околу 8%, сега на последните мерења мислам дека од ИРИ беа и стигна некаде 4%. Замислете за една година доколку има анкета би било околу 2%. Партизираност има целосно, и во судството, и во обвинителството. Целиот кадар на СДСМ и ДУИ ги раководат сите овие институции. И секој тоа го знае. Моменталната состојба во судството е многу катастрофална“, истакна потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Мисајловски додаде дека е срамно што за прв човек на Судски совет е поставен кадар од правната комисија на СДСМ.

Власта се однесува како да им е присвоена државата. Имаат направено една голема метастаза во овие институции, каде што одговорни луѓе се луѓе кои што се блиски до власта. Никако поинаку. За жал тоа е реалноста во Македонија“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека луѓето од власта не се борат против криминалот и корупцијата, напротив тие се борат за нивните позиции.

Првата задача на ВМРО-ДПМНЕ мора и треба да биде во новата власт решавање на ова прашање, бидејќи без право, без правна држава, без доверба во институциите не може да се гради една куќа“, нагласи тој.

Мисајловски порача дека криминалот и корупцијата мораат да се искоренат.

Судската власт треба да биде независна, но за жал ние немаме независна судска власт. Ние денес имаме целосно зависна судска власт. За пример пратениците на СДСМ во Парламентот не смеат ништо независно да кажат, едноставно мора да ги следат сите оние насоки од Владата“, нагласи Мисајловски.

Тој нагласи дека бројот на разочарани граѓани секој ден се повеќе расте, за тоа е доказ и анкетата на ИРИ, со која се воочи дека над 60% граѓаните мислат дека Македонија со оваа власт оди во погрешна насока.

Од власта не прават доволно, не креираат добри мерки како да се ублажат кризите кои што се актуелни во државата. Секој еден граѓанин тоа го чувствува на своја кожа“, воочи Мисајловски.

Тој рече дека граѓаните во анкетата нагласиле дека економската состојба во државата е катастрофална.

Граѓаните бараат подобар стандард, подобро образование, подобро здравство, сето она што власта не е способна да го испорача на граѓаните сиве овие години“, заклучи Мисајловски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.