ВМРО-ДПМНЕ е против Преспанскиот договор и така ќе остане. Борбата никој не може да ни ја одземе. Ние ќе се бориме додека постоиме во оваа партија, бидејќи имаме луѓе и граѓани на кои што им е важен идентитетот и се разбира може да се најде начин. Ние сме за НАТО и за Европската унија, немаме друга алтернатива, но никој апсолутно никој не може оваа држава да ја понижи без разлика дали се работи за СДСМ, за одредени политичари или структури тоа е неважно. На крајот од денот ние сме Македонци во Република Македонија и така ќе си останеме, нагласи Владо Мисајловски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во емисијата „Трилинг“ на телевизија 24.

Мисајловски вели дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува на истиот став дека е против Преспанскиот договор, обвинувајќи ја актуелната влада на СДСМ и Заев дека направиле прекршување на сите прописи и процедури при гласање на референдумот за промена на уставното име како и при гласање во собранието.

Ние бевме против промена на институциите, против промена на уставното име, бевме против понижувања на ваков начин да се донесе било каков документ во собранието. Граѓаните знаат што се се случи во рамки на Sобранието, на каков начин се гласаше. Граѓаните знаат и на кој начин се гласаше за референдумот како се полнеа кутии и како на секоја секунда имаше гласање за што? За владата и Зоран Заев да добијат некаков си вид на легитимитет и да покажат дека е успешен референдумот. Но, тоа не се случи и сите сме свени за тоа во Република Македонија, потенцираше Мисајловски.

Мисајловски е дециден дека Гоце Делчев е Македонец кој што се борел за Македонија и покрај тоа што некои од политичарите се обидува да го негира тоа, додавајќи дека историските личности не треба да се предмет на дискусија туку треба да се вреднувани и ценети за се она што го направиле за Македонија во минатото.

Гоце Делчев бил Македонец, се борел за Македонија и ќе остане Македонец. Не е само Гоце Делчев туку сите историски личности, сите вредности во Република Македонија и традиции и оние луѓе кои што го дале животот за Македонија треба да ги вреднуваме, кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.