На одбележувањето на ваков голем празник, силно врежан во македонската историја, од некои луѓе кои денеска најлицемерно положуваат цвеќе и се поклонуваат пред спомениците треба силно и жестоко да се реагира, пишува Елена Доцевска Божиновска.

Но, предците наши вградени во слободата која ја живееме денеска, коските нивни оставени за државата, заслужиле вистинско искрено одбележување на Денот, не препирки, не расправии…
…но заслужиле и пренесување, учење и негување на вистински историски факти, никако не нивно “ублажување”, менување или заборавање во име на што и да е.
Историјата тоа сме ние!
Жрвите дадени тоа сме ние!
Крвта пролеана тоа сме ние!
Нека е честит 11 Октомври, да сме достојни години да го споменуваме и одбележуваме споменот на сите учесници во антифашистичкото и народноослободителното востание, нагласува Доцевска Божиновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.