Зоран Заев, по криминални и украдени избори, по злоупотреба на вонредна состојба, по извршен масовен поткуп, по притисоци, закани, уцени, по менување изборен законик на пет минути пред почеток на изборна кампања, во услови на пандемија, карантин, поделени пакети, по задолжувањето на државата за повеќе од една милијарда евра, јавно дава некаква понуда за заедничка влада, истакна на прес конференција потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Провидна е играта на Зоран Заев и неговиот предлог за широка влада во која баш тој Заев ќе одбира кој ќе раководи со ВМРО-ДПМНЕ е тоа е најдобриот показател дека владата на Зоран Заев е разнишана.
Овој негов предлог може единствено да се толкува како сламка на спас на кариерата на Зоран Заев и неколку луѓе околу него.
Предлогот за влада дојде само три дена откако лажно се храбреа со тенкото мнозинство, а веќе следниот ден немаше кворум за работа во Собранието.
Од вештачката радост за наводното стабилно мнозинство во Собранието за три дена стигна понуда за широка влада зошто Заев знае дека владата е на стаклени нозе и не може да функционира.
И Заев и СДСМ и сета јавност треба да знаат дека пактови со мафија нема, ниту пак ќе поддржиме. Прво ќе ве поразиме, а потоа ќе следува одговорност – рече Мисајловски.

Според него ВМРО-ДПМНЕ единствено му должи на македонскиот народ, на граѓаните на Македонија, на активистите, симпатизерите што покажаа единство, цврстина, борба, жар, карактер, пркос, инает и пред се желба за подобра Македонија.

И затоа се ќе сториме ним да им се оддолжиме и сите заедно да направиме влада која ќе биде сервис на граѓаните. Влада која ќе биде од народот за народот и никако поинаку.
А, овие од власта ако мислат дека има најмали шанси за пакт со криминална власт тоа верувајте дека нема да се случи. Ќе бидат победени, и тоа народе ви го ветуваме.
Македонската пролет доаѓа – рече Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.