Медиумите од регионот јавуваат за вчерашната тешка сообраќајка што се случи на патот Скопје – Тетово и во која, засега, според официјалните информации, има 15 загинати лица.

„Мирисаше на бензин, се слушаше плач, беше страшно“, „Протекуваат детали за страшната несреќа во која загинаа најмалку 14 лица“, „При превртување на автобус во Македонија 14 мртви: Уште четири лица се борат за живот“, „Објавена причината за трагедијата во Македонија“, „Стравична несреќа во Македонија“, се само некои од насловите во печатените и електронските изданија на српските, хрватските и босанските медиум.

Многу е болно кога гледаш како човек на твои години се збогува од овој свет, барајќи помош: Потресни сведочења од автобусот на смртта кај Тетово, пишува Телеграф.рс.

„Б92“, пренесувајќи ја МИА, јавува дека македонската Влада прогласи дводневна жалост поради тешката сообраќајка на патот Скопје – Тетово.

Српски „Новости“ се повикува на локалните медиуми и пишува дека „до несреќата дошло откако на автобусот му пукнала гума поради што возачот изгубил контрола и преминал на спротивната страна од патот, пробивајќи ја заштитната ограда, по што се превртел во провалија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.