Хрватското министерство за надворешни и европски работи ги осудува навредливите изјави за Република Хрватска кои директорот на Агенцијата за филм на Македонија Горјан Тозија ги објавува по социјалните мрежи.

Во соопштението на хрватското министерство се вели дека за ова амбасадорката на Хрватска во Македонија веќе им укажа на претставници на македонската влада на неприфатливите изјави на Тозија.

Во телефонски разговор, министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ му укажа на колегата Никола Димитров на овие неприфатливи изјави. Димитров се огради од индивидуалните изјави, кои, како што рече, не ја отсликуваат надворешната политика на Македонија.

Соговорниците се согласиле дека овие изјави на Тозија не ја одразуваат вистинската слика за традиционално пријателските односи на двете држави. Побарано е јавно извинување од Тозија заради недозволивите објави, кои несомнено заслужуваат секаква осуда“, се вели во соопштението на МНР на Хрватска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.