Вицепремиерот Бујар Османи покрај официјалните фотографии испратени од прес-службата на Владата и на претседателот Пендаровски на фејсбук објави неколку фотографии од вежбата „Одлучен удар“, со коментар „Македонија е НАТО“.

Вицепремиерите и министрите Османи и Радмила Шеќеринска, Оловер Спасовски, Драган Тевдовски и заменик-министерот Андреј Жерновски заедно со премиерот Зоран Заев од хеликоптер порачаа „обезбедувајќи безбедност и сигурност, создаваме услови за стабилен економски развој, просперитет и поквалитетен животен стандард“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.