Во вечерашното гостување на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во дебатната емисија „И што сега“ на МРТ, потпретседателот на опозициската партија беше сам во студиото, без претставник на власта. Биле поканети министрите Радмила Шекеринска и Никола Димитров, но не се појавија во студиото на МТВ. Иако Шекеринска и Димитров биле подготвени за соочување, соопштиле дека не можат да се прилагодат со термините за реализација на емисијата.

Николовски на ова додаде:

Мене ми е жал, еве колку што сум информирам веќе трета недела се обидуваме да се соочиме или со Шеќеринска или со Димитров, но и едниот и другиот бегаат, рече Николовски.

Тој ја потсетува јавноста дека последен пат кога еден од нив собра храброст за дуел или дебата, тоа беше пред референдумот.

Од тогаш избегнуваат не само на националниот сервис, туку и на приватните телевизии да се соочат со мене, веројатно им е страв дека аргументите се на моја страна, потенцираше Николовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.