Законот за јазиците ваков каков што е е мртвороденче, потврди и самиот премиер Зоран Заев ексклузивно во интервјуто за босанската телевизија Н1.

Во интервјуто на лош југословенски есперанто Заев рече дека првата седница на Владатата по објавувањето на Законот за јазиците во Службен весник протекла така што министрите-Албанци почнале да зборуваат на албански, па потоа свртеле на македонски за да не комплицираат.

Ја сам имао прву седницу данас Владе Републике Мекедоније, двојазичну. Слушалице ставиш и причаш. И ондак, шта схватиш? То је тако почело, па продужили сви на македонски. И онда схватиш: кад му треба на граѓанин из албанског етничке припадности да се боље изјасни, да каже своју поенту, он си каже на свој матерни јазик, а кад му треба да убеди све друге, онда је практичан

Со други зборови, Заев  ги валоризира тврдењата на албанската опозиција, конкретно на Беса, дека „На ДУИ му текнува на Албанците само за политички поени“.

Ним дваесет и шест во Владата не им е практично да ја практикуваат двојазичноста, дури ни при слушалки и преведувачи, но ќе им биде практично на службениците, на пример, во Делчево ако треба да услужат Албанец-дојденец, кому не му „треба да убеди све друге“?! Не ли го сведуваат со тоа СДСМ и ДУИ албанскиот јазик на битпазарско рамниште, на јазик за пазарење?

СДСМ и ДУИ си ги копаа очите и си ги припишуваа заслугите, кој е позаслужен за спроведувњето на законот, но според зборовите на премиерот Законот не се почитува, прво во Владата.

Речиси една декада на власт со ВМРО ДПМНЕ глас не им се слушна. Денеска со толкава помпезност и пофалби сакаат да се китат со туѓи перја.

Заслугите за отварање на вратите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, како и за официјализирањето на албанскиот јазик, им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот „Македонија едно општество” за сите!!!

Без еуфорија, Ве молам. Граѓаните најдобро знаат кој работи за нивно добро, напиша во статус потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири и ги предупреди функционерите на ДУИ да не се чукаат в гради дека се заслужни за Законот за јазиците.

Донесувањето и спроведувањето на Законот за јазиците беше главниот услов на Беса и Алијанската за Албанците за СДСМ да ја добие нивната поддршка за уставните измени. ветија, добија поддршка, протуркаа законот и на крајот го погазија.

Сѐ додека албанскиот јазик не влезе во Уставот, како еднаков на македонскиот јазик, сѐ додека Албанците не се споменуваат во Уставот на Македонија како рамноправни граѓани и како државотворен народ на Македонија, албанското прашање ќе продолжи да биде отворено. Ова го прифати и премиерот Зоран Заев во документот потпишан со Движењето Беса, изјави Касами во едно интервју.

Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон, како и сите други институции за непочитување на одредбите од законот за употреба на јазиците, предвидува новата регулатива која веќе стапи на сила.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.