Министрите за здравство и за внатрешни работи Венко Филипче и Оливер Спасовски сметаат дека карантин не е потребен, но градоначалникот на Прилеп кој е од нивата партија, СДСМ, бара под итно градот да биде ставен во карантин.

Тој во изјава за ТВ24 за „Студио 10“ вели дека ќе побара до Централниот кризен штаб за Прилеп, да биде воведен карантин, бидејќи Прилеп по Скопје има најголем број заразени и починати.

Последните 9 дена има 26 починати, вчера имаше само 6 починати пациенти во Прилеп. По две недели од моето поаѓање на Инфективното одделение. Упатив апел до сите здравствени работници кои немаат активности, во дел од слободното време да им помогнеме на здравствените работници. Знаевме дека ќе е вака, се спремаме за таканаречениот трет бран. Има место во болницата во Прилеп, има над 100 болнички кревети на располагање, а 50-тина болни користат дневна болница. Најголем број од пациентите се заразуваат на еден процент на граѓани кои не носат маски. Апелираме, ама одреден број на граѓаните не веруваат во нештото, не се придржуваат до протоколите. Ќе побарам до Централниот кризен штаб за прилем, мораме да имаме карантин, Прилеп по Скопје има најголем број заразени и починати“ – вели градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски за Студио 10 на ТВ24.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.