Континуитет на наставата во второто полугодие по веќе воспоставениот успешен модел од првото полугодие е во интерес и на учениците и на наставниците и на јавното здравје. Со овој модел никој не е изоставен од наставата, а се покажа како оправдан и успешен и затоа не треба да се менува. Веруваме дека Сојузот на средношколци и останатите матурантите ќе ја почитуваат оваа одлука на Комисијата за заразни болести спроведена од МОН и сите заеднички ќе придонесеме за зачувување на јавното здравје, соопшти Министерство за образование и наука.

МОН наведува дека првото полугодие заврши успешно со хибридниот модел на настава – со  над 90 отсто ученици кои успешно следеа онлајн-настава, помалку од 1 процент активни случаи со КОВИД-19 на наставници и ученици во наставата со физичко присуство, според однапред утврден распоред се емитуваа часовите на македонски и албански јазик на МРТ, а на децата без ИТ-уреди наставниците им доставуваа материјали и го следеа совладувањето на материјалот.

(фото: архива МИА)

-Наставата течеше според планот, а оценувањето заврши навреме.
Исто така потсетуваме дека полагањето на државната матура е заокружување на образовниот процес и е задолжителна за упис на сите високообразовни институции. Освен државната матура, со Концепцијата за полагање матурски испити предвидена е можноста за полагање училишна матура, за ученици што нема да го продолжат своето образование на факултетите. Учениците од сите средни училишта до 31 декември ги завршија своите законски обврски и уредно ги пријавија испитите за полагање на државната матура, посочува МОН.

Истовремено, според планот, додава Министерството, се реализираат и подготовките за изработка на проектните задачи кои учениците ги изработуваат во соработка со своите избрани ментори, професори од соодветните области, а формирани се и училишните комисии кои работат на системот на организација и реализација на матурските испити.

– Исто така, Државниот испитен центар веќе ги заврши постапките околу составувањето на државните матурски комисии и тие  ги креираат прашањата по сите предмети, а во согласност со скратените наставни програми и условите во изминатиот период.
Министерството за образование и наука заедно со средношколците започнува процес за промени во концепцијата на државната матура. Променетиот начин на полагање би се применувал од учебната 2021/2022 година, а ќе се прави во заеднички и конструктивен дијалог со средношколците и наставниците, информира Министерството за образование и наука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.