Министерството за животна средина и просторно планирање испратило допис до Министерството за образование и наука да не се организираат екскурзии во Пеленица, Драчево, местото за кое „Мета“ пишуваше дека има сомневање дека се наоѓа необележана депонија со канцерогениот линдан кој потекнува од фабриката ОХИС.
„Во Министерството за образование и наука, стигна допис од МЖСПП по кое ќе постапиме, односно ќе им наложиме на општините како основачи на училиштата, таму да не се одржуваат екскурзии“, објави „Мета“.
Министерството за животна средина, вети дека до крајот на годината ќе го огради просторот во Драчево за кој постојат сомневања дека се наоѓа дивата депонија со 8.000 тони токсичен линдан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.