Министерството за здравство излезе со реакција кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ која обвинува дека е уништен валиден инсулин единствено со цел да се распише нов тендер. Од Здравство тврдат дека нема нов тендер за набавка.

„Прво, уништен е турски инсулин од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на претходната влада, без проверен ладен ланец, без познато потекло и без оригинал сертификати. ВМРО-ДПМНЕ знаеле за ова. Должни се да одговорат зошто си играле со здравјето на пациентите? Второ, инсулинот од паралелен увоз е од времето на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните памтат и знаат, манипулациите нема да пројдат ни сега. Трето, нов тендер за набавка на инсулини НЕМА, затоа што за тендерот од 2018 година веќе се склучени договорите. Количините од стоковите резерви не се никако поврзани со количините за тендер“,

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.